– Комуналната инспекција во соработка со останатите служби ќе врши засилен надзор и ќе бидат превземени санкци за оние кои не поседуваат документација, потенцираат од локланата самоуправа.
Општина Охрид ја подготвува новата Програма за поставување урбана опрема за летниот период , со која ќе биде утврден просторот и начинот на издавање на дозволите. Со програмата се предвидува поставување на унифицирани тезги, штандови и друга урбана опрема со која ќе се регулира локацијата и намената на објектите.
За критериумите за добивање дозвола за користење на унифицираните тезги, заинтересираните субјекти ќе бидат дополнително известени, веднаш по усвојувањето на Програмата за поставување урбана опрема од страна на Советот на општина Охрид.
– До нејзиното усвојување не е дозволено поставување урбана опрема и извршување на ваков вид на дејност, додаваат од локалната самоуправа.