Општина Дебрца објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските производи предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на 28 мај.
Граѓаните да ја пријават штетата на своите насади до Комисијата за проценка на штети на Општина Дебрца. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општината, информираат.
Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; или копија од имотен лист; или копија од договор за закуп).
Пријавувањето на штетите, додаваат од Општина Дебрца, може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 15.06.2022 година.
OhridNews












