Општина Дебрца вчера трансферираше 1.755.000,00 денари, буџетски пари до општинската изборна комисија за надоместоци за 25-те избирачки одбори за локалните избори 2021 година.

Согласно член 88 став 4 од Изборниот законик за спроведување на локалните избори средства се обезбедуваат од буџетот на општината и со нив располага општинската изборна комисија.Поединечната исплата на надоместоците ќе ја врши општинската изборна комисија Дебрца, согласно Правилникот донесен од државната изборна комисија и одлуката на советот на општина Дебрца, информираше градоначалникот Зоран Ногачески.

Исплатата на надоместоците започна денес. До почетокот на месец Февруари од Буџетот на општината ќе бидат обезбедени и средствата за надоместоците на општинската изборна комисија.

 

OhridNews