Општина Дебрца првично презема обврска да ги покрие погребалните трошоци за настраданата жена во пожарот утринава во семјната куќа во Требеништа, информира градоначалникот Зоран Ногачески.

Денес изутрина пожар ја зафати трошната куќичка, семеен дом на сестрите Божана и Билјана, од село Требеништа која и покрај брзата интервенција на ТППЕ-Охрид целосно изгоре. За несреќата да биде поголема во пожарот животот го загуби Билјана. Сочуство и рај да си најде. Тешко е човек што да каже кога ќе се случи ваква трагедија. Во соработка со Месната заедница и Црковниот одбор од село Требеништа ќе помогнеме околу обезбедување на услови за живот на Божана, вели Ногачески.

Инаку, во пожарот со изгореници се здобија две лица, сопругот и сестрата на почината жена.

OhridNews