Општина Дебрца започна со уредување на простор за отворање маркет во село Лешани.
По цели две години празни ветувања и мачење на граѓаните да патуваат со километри за еден леб, ставаме крај на изолацијата – со конкретна акција на терен започнавме со комплетно уредување на простор за нов маркет во село Лешани, објави градоначалникот на Општина Дебрца Златко Сиљаноски.
Тој најави субвенции за стимулирање на претприемачите да отворат бизнис во општината.
Доста беше само зборување, Општина Дебрца премина на дела и со силна финансиска инјекција од 10.000 денари субвенција секој месец директно ги мотивира претприемачите да инвестираат и да отвораат нови дуќани во нашите села. Пронајдовме модел, создадовме услови и веднаш по завршување на градежните работи распишуваме јавен повик за закуп за сите кои сакаат да работат, докажувајќи на дело дека општината е вистински, силен партнер кој работи исклучиво за интерес на својот народ, истакна Сиљаноски.
Г.М.














