Како може опозиција која 16 години била на власт  во Општина Дебрца да реагира на свечено отворање на училишта, па дури и да наоѓаат забелешки за распределување на училишни прибори. Ваквата неразумна реакција од страна на СДСМ е доволен показател дека веќе од нивна  страна не се бираат ниту начини, ниту срества за напади врз актуелната власт, но во исто време се укажува на паника во нивните редови од успешното работењето на градоначалникот Трајкоски кој направи повеќе за Општина Дебрца во првите сто дена, отколку СДСМ во 16 години, се наведува во реакцијата од кабинетот на градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски,  по дописот од СДСМ Дебрца во врска со отворањето на новото училиште во село Волино.

– Како може да се реагира за проект кој е реализиран од градоначалникот Трајковски, а истиот проект требело да биде завршен во 2011 година. Па прашањето е- зошто не сте го реализирале проектот за училиштето во Волино во 2011 година како што самите укажувате во Вашето соопштение. Очигледно сте заборавиле дека на жителите на Општина Дебрца  им се потребни конкретни чекори и исполнување на ветувањата и реализација на проекти, токму онака како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ, се наведува во реакцијата од градоначалникот Трајкоски.

Во неа меѓу другото, се наведува дека актуелнат алокална власт и во иднина ќе биде тука за најмладите и ќе презема активности за обезбедување соодветни услови и средства за подобар едукативен процес.

OhridNews