Општина Дебрца преку Електронскиот систем за јавни набавки денеска објави Јавен оглас за Набавка на услуги за надзор на инфраструктурни градби и останати објекти кои ќе се градат на територијата на општината. Проценетата вредност на оваа набавка е околу 4.800 евра или точно 300.000 денари.
Понудите за овој Јавен оглас треба да се достават најдоцна со 25-ти ноември 2015 година до 15:30 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на понудите. Критериум за доделување на договор е најниската понудена цена.
OhridNews