Лага и манипулација се изјавите од СДСМ Дебрца дека 6 наставници – професори биле отстранети од образовниот процес во училиштата во општината, велат од кабинетоот на градоначалникот Игор Трајкоски.

Оттаму, со објаснување дека единствената промена се однесувала на кадрите кои биле времено ангажирани со договор на определено време и за кои рокот на временото вработување завршил заклучно со 31.08.2013 година, со што истите немале правен основ да продолжат со своите работни ангажмани.

– На овие работни места се ангажирани кадри кои имаат соодветно рабоно искуство и се жители на општина Дебарца, што е и разликата помеѓу сегашната и претходната општинска власт која водејќи се од своите партиски и приватни интереси, вработуваше кадри од други општини цели 16 години со што се предизвика масовно иселување на кадри и ученици од општина Дебарца, велат од кабинетот на градоначалникот.

Во оврска со наставникот, кој има судска пресуда да биде вратен на работа, од локалната самоуправа на Дебрца потенцираат дека ја поддржуваат работата на судот и ги почитуваат донесените судски  одлуки, но дека во конкретниот случај станувало збор за првостепена пресуда донесена од Основниот суд во Охрид, која не е правосилна и дека против истата има жалба до Апелационит суд во Битола.

– Напоменуваме дека доколку предметната пресуда Апелационит суд -Битола ја потврди и истата стане правосилна експресно ќе биде спроведена во рок кој што ќе биде одреден од страна на судот, велат од кабинетот на Трајкоски.

Оттаму, информираат дека Иницијативата на градоначалникот Трајкоски за доделување стипендии на талентирани ученици во Општина -Дебарца преставува новина во општинското работење и демантираат дека стипендиите се доделени по партиска линија.

OhridNews