Локалната самоуправа на Дебрца во соработка со Бирото за регионален развој набави 250 индивидуални канти за депонирање на отпад, кои ќе бидат наменети за домаќинствата во општината.
Кантите се со капацитет од 120 литри и се изработени од пластика, согласно со сите европски стандарди. Вкупната вредност на оваа набавка е 375.000 денари без пресметан ДДВ.
Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски вели дека со набавката на кантите за отпад значително ќе се придонесе за подигнување на јавната хигиена и чистота во општината.
OhridNews