Од локалната самоуправа при општина Дебрца ги отфрлаат обвинувањата од СДСМ дека училиштата во општината останале без греење.

– Тендерската процедура за обезбедување нафта и дрва за греење за учебната 2013/2014 е целосно завршена, вклучувајќи ги тука и минатогодишните залихи . А затоплувањето на училиштата се вршеше и пред грејната сезона во зависност од временските услови.Мора да потсетиме дека основните услови кои беа затекнати при превземањето на локалната власт драстично се подобрени. За тоа најдобар показател се позитивните реакции од родителите како и од учениците кои ги посетуваат училиштата во Општина Дебрца, велат од локалната самоуправа.

Реакции и од директорот на ОУ “Дебрца”, Иван Димоски кој обвинувањата ги нарекува шпекулации кои би можеле да предизвикаат непотребна загриженост кај родителите и да  доведат до нарушување на интересите на воспитно- образовниот процес.

– Просториите во училиштата се затоплуваат согласно временските прилики и пред почетокот на грејната сезона, а набавките се реализираат сукцесивно согласно потребите на училиштето. Според тоа нема потреба од никаква загриженост од никого, бидејки училиштето најодговорно ги извршува законските и морални обврски, вели директорот Димоски.

Тој информира дека во училиштето се набавени нови грејни тела во вредност од  70.000 денари, со кои дополнително по потреба ќе се загреваат просториите.

OhridNews