Откако oпштинската ВМРО – Народна партија ја повика локалната самоуправа под итно да преземе мерки за средување на состојбата во градинките, со реакција се огласија од општина Охрид.

„Поточно, за состојбата е запознат и пред да стапи на сегашната функција, кога родителите и дел од персоналот реагираше на лошата состојба во детската градинка. Градоначалникот Бакрачески веќе оствари средба со првите луѓе од Министерството за труд и социјална политика, со кои е разговарано за долгорочно решавање на проблемот со вработување на стручен кадар и задоволување на потребите за нормално функционирање на оваа институција.“ – стои во реакцијата на општина Охрид.
Оттаму велат дека лицемерно е повикувањето на ВМРО-Народна Партија за надминување на наталожените проблеми во детската градинка.
„Тие имаа 8 години можност како коалициони партнери на минатата локална власт да ги решат проблемите и во детската градинка и во другите институции кои се под ингеренции на општина Охрид.“ – велат од локалната самоуправа.
OhridNews











