Локалната самоуправа ги потсетува граѓаните и правните лица да ги подмират заостанатите обврски за данок на имот и комунални такси.

–    Доколку не го сторат тоа, долговите присилно ќе се наплатуваат со додатни законски пресметани давачки, потенцираат од локалната самоуправа.

Оние кои немаат добиено решенија за пресметан данок на имот и комунална такса за фирмарина, која не е измирена  за изминатите две и тековнава година, можат да ги подигнат во Општина Охрид , во одделенијата за даноци и комунални такси.

OhridNews