Политички неуко е да се обвинува Општина Охрид дека нелегално изведувала инфраструктурни зафати без потребната документација, а тие зафати се од јавен, а не од личен интерес, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа во врска со денес изнесените обвинувања од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Поради катастрофалната состојба на кружниот тек кај Општата болница чија моменталната состојба е идентична со онаа  во 2016 година, неминовно беше да се изврши реконструкција и подобрување на сите сообраќајни перфоманси. Согласно тоа се изготви Основен проект за реконструкција со сообраќајно решение, ревизија на истиот и изготвен е и проект за времен режим на сообраќај. За целата документација изготвени се соодветни решенија и согласности од надлежни институции. Согласно законот за јавни набавки и  проектната документација избран е изведувач на работите кој ги извршува градежните активности.Од страна на надлежните служби на Општина Охрид  издаден е налог на надзорниот орган, кој согласно законот извршува надзор на градежните работи. Стручните служби на Општина Охрид секојдневно ја следат динамиката и квалитетот на изведените работи, стои во реакцијата.

Во врска со преместувањето на автобуската постојка од зградата „Печијаре“ кај пекарата „Мартина“, од локалната самоуправа наведуваат дека истата е дислоцирана согласно акт од Министерството за внатрешни работи и Програмата за урбана опрема која е изгласана од страна на Советот на Општина Охрид.

  • Општина Охрид не врши реконструкција на кружниот тек на  булевар „Туристичка“ со пресек со улица „ Бистрица“, туку тоа го прават надлежните државни институции кои се надлежни за оваа сообраќајница, велат од локалната самоуправа.

OhridNews