За општина Охрид Собирот на граѓани во Лескоец, закажан за денес, е нелегитимен, а евентуалните одлуки што ќе се донесат нема да имаат правно дејство.

– Собир е нелегитимен зошто при свикувањето не  се почитува член 22 од Правилата за облиците на Месна самоуправа на Општина Охрид. Свикувачите  не ги почитувале  одредбите со кои  децидно е определено дека Собирот го свикува претседателот на барање на една третина од членовите на Советот на Месната заедница или на барање на група граѓани.Покрај ова Собирот на граѓани од Лескоец , не е легитимен бидејќи не е закажан во рок од 7 дена пред неговото одржување.-се вели во реакцијата на локалнмата самоуправа.

Жителите од селото Лескоец се незадоволни од стопанисувањето со локалниот водовод, поради што тие неодамна побараа да се преиспита даденото одобрение за преземање на водоводот во селото од страна на МЈП Проаква.

OhridNews