Постојано му  објаснуваме на ВМРО- ДПМНЕ  дека во централното градско подрачје под концесија се издадени 300 паркинг места за кои се наплаќа , а на градскиот полигон, кој е на стотина метри од кејот, има над 700 бесплатни паркинг места. Овие факти се доволни  за да се заклучи , дека со секојдневните напади на ОК на ВМРО- ДПМНЕ , врз градоначалникот Петрески и Локалната самоуправа , се лажење и манипулирање со јавноста за ситно политички цели, се наведува во реакцијата од кабинетот на градоначалникот по одржаната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ .

–    Јавноста од ВМРО- ДПМНЕ очекува одговори на многу отворени прашања за нивното катастрофално владеење и штетата што ја трпат охриѓани , која е далеку поголема од онаа со паркинзите. Граѓаните постојано прашуваат зошто не се градат автопатите од Гостивар до Охрид и од Косел до Свети Наум, зошто три години Охрид е без општа болница , зошто ги затворија фабриките и  зошто централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ со измислени дебати за паркинзи и навредливи реклами , платени со народни пари , сака да го уништи охридскиот туризам од кој живеат илјадници семејства. Граѓаните постојано прашуваат, но не добиваат одговори од ВМРО- ДПМНЕ. Секојдневно, наместо одговори добиваат исконструирани лаги и празни ветувања дека утре подобро ќе се живее. Ветуваат дека откако ќе ја изпразнат државната каса  за градење скапи споменици , ќе се посветат на економијата и ќе ни ја подобрат живеачката.  За жал тоа му го прават на сопствениот народ , убедени дека ќе го добијат нивниот глас, се наведува меѓудругото во реакцијата.

OhridNews