
-Најбезочни лаги се тврдењата во делот за вработените во локалната администрација, каде ВМРО – Народна партија изнесува податоци за бројот на вработените. Имено, точно е дека има 80 – 90 нови вработувања, но оваа партија намерно заборава да каже дека тие ВРАБОТУВАЊА СЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ОД МАНДАТОТ НА ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК, А ОСОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА. Локалната самоуправа одговорно тврди дека до овој момент нема ниту едно ново вработување во општинската администрација, а во тек е постапка согласно законските прописи за вработување на две (2) лица.-стои во реакцијата
Во однос на изнесените наводи за запрена урбанизација и инфраструктурните зафати на новата локална власт, од општината велат дека ВМРО – Народна партија со нивната партиципација во власта во минатите осум години, заедно со нивниот коалиционен партнер СДСМ, од Охрид и општинскта администрација направиле Авгиева штала, за која, како што се вели во реакцијата „ќе требаат, не сто дена туку можеби 100 месеци да се исчисти нивниот јавашлук и неодговорно работење.“











