
– Ја разбираме неговата нервоза, но одговорноста за негативната оценка заради кои не се стекна со статусот државен службеник, треба да ја побара прво во себе. Покажаните слаби резултати на завршниот испит и недоволното познавања на законските регулативи е пресудно за неговото негативно оценување, велат од локалната самоуправа.
Оттаму, додаваат дека согласно Законот за државни службеници на Р.М, лицата кои минатата година биле вработени во локалната самоуправа, после една година пробна работа се должни да го положат завршниот испит за да се стекнат со статусот државен службеник.
– Тестирањето се изврши согласно законските прописи, а г-дин Максут Али покажал недоволно знаење на испитот. Обвинувањата за наводна неетичност и непотизам, само го потврдуваат непознавањето на Законот за државни службеници и мобилност во државната служба, но и за карактерот на личноста, стои во реакцијата.
Од општината потенцираат дека локалната самоуправа и во иднина ќе се стреми кон градењето на современа, отчетна и одговорна администрација,применувајќи ги сите законски норми, кои ги предвидуваат законите во Р. Македонија, а со цел да се подигне стручниот и професионале капацитет на секој вработен во локалната самоуправа.
OhridNews











