Општина Охрид ќе постапи согласно дадените препораки од Државниот завод за ревизија во врска со извештајот изготвен врз основа на ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Охрид за 2024 година. Ревизијата на ЕЛС Охрид утврдила изведени градби и градежни активности без одобренија за градење, неправилности и неусогласености во работењето.
Општина Охрид ги прими забелешките од Државниот завод за ревизија по спроведената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2024 година. Веднаш се преземени активности за постапување согласно дадените препораки, преку утврдување на конкретни мерки и задолжувања на надлежните институции и одговорните лица, посочуваат.
Воедно, потенцираат дека Општина Охрид останува посветена на унапредување на финансиското работење, транспарентноста во согласност со законските процедури и важечките прописи.
OhridNews












