Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани.
Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците, посочуваат.
Пловните објекти, потенцираат, треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка сезона.
OhridNews