Општина Охрид е вклучена во проектот „Месеци на практикантство“, кој го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, во соработка со Министерството за локална самоуправа.

На средбата се разговараше за реализацијата на проектот, практикантската работа на студентите, како и за можностите што ги нуди проектот. Беше истакнато значењето на стекнувањето практични знаења и искуства преку директно вклучување во работата на локалната самоуправа, велат од Општина Охрид.

Студентите се распоредени во соодветни сектори и одделенија во Општина Охрид, согласно нивната студиска програма и струка, со цел практикантството да придонесе кон нивниот професионален развој и полесно поврзување на академското знаење со практичната работа, додаваат од Општината.
OhridNews










