
Во соопштението, општината наведува дека случајот е исполитизиран од поединци и претставува кршење на законските прописи. Во соопштението натаму стои:
„Должност е, а и упатно за секого, јавните установи и институции да имаат информативно табли. На училиштата и градинките во Охрид тоа е сторено сега и на нив се наведени основните податоци. Од нив се гледа дека основач е Локалната самоуправа. Таа и законски е должна да води грижа и го оддржува објектот- училиштето.
По „ логиката“ на претседателот на МЗ од Куратица, Владата на РМ требало нему лично и на неговите истомисленици во раководството на МЗ да им се обрати за дозвола за поставување информативни табли или на пример патоказите кај „Прентов Мост“! А, кога сме веќе кај информативните табли: Кој ќе им поставува табла кај „Прентов Мост“ за руралниот туризам во Куратица која токму деновиве се промовираше во присуство на именованиот Ангелески и со негови пофалби до Локалната самоуправа? Зошто таму Ангелески Горан не гледа „задскриен маркетинг“ и не се огласи во јавноста со оглед на тоа дека тој проект е дело и на Локалната самоуправа?
Колку се изманипулирани се гледа не само од срамната и штетна постапка, туку и од тоа што се дрзнале уште и да ги известуваат медиумите за „херојството на курајчани“ – се вели во реакцијата на Општина Охрид.












