Општина Охрид за учебната 2013/2014 година ќе додели 30 бесплатни курсеви за државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид.
Право на бесплатен курс за државна матура имаат кандидатите кои учат во општинските средни училишта на подрачјето на општина Охрид, се редовни ученици во IV година во средните општински училишта и не посетуваат ист курс во друга институција или фирма.
Учениците кои ќе се пријават на конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната на општина Охрид.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 5 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за државна матура“.Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
OhridNews