Општина Охрид писмено ќе го извести концесионерот на паркинзите дека се раскинува еден дел од договорот за закуп на паркинзите, поради не почитување на одредби од истиот.
Со ова се реализираат неодамнешните најави на општината дека еден дел од договорот за закуп на паркинзите ќа биде раскинат. Другиот дел од договорот како што информираа од локалната самоуправа, ќе биде обжален на суд.
Се очекува во текот на денот на прес конференција да бидат соопштени детали околу одлуката на општината и идниот начин на функционирање на паркинзите во градот.