
Во ова советодавно тело ќе членуваат над дваесеттина еминентни охриѓани од областа на бизнисот, културата, образованието и други општествени дејности, а меѓу членовите ќе биде и министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески, кој по потекло е од охридскиот крај.
“Совет на градски татковци“ официјално ќе биде промовиран утре.
Локалниот Економски Совет ќе работи пленарно и ќе се состанува барем еднаш во месецот. Ќе се разгледуваат конкретни предлози и проекти за економскиот развој на Општина Охрид, информираат од Локалната самоуправа.











