Попладнево, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески свечено ќе ги додели овластувањата за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на лица вработени во единиците на локалната самоуправа.
 
Овластувањата ќе им бидат доделени и на претставници од охридската локална самоуправа, кои беа меѓу 200 државни службеници од општините, кои го полагаа испитот за стекнување со сертификат за управување со државно градежно земјиште.

Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат законски пропишаните услови и ќе го воспостават системот за реализирање на електронски јавни наддавања до 1. јули 2011 година ќе добијат соодветно овластување со кое ќе можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Како што информираат од локалната самоуправа, општина Охрид ги исполна условите и е подготвена да го превземи овластувањето.

OhridNews