Со државното неизградено градежно земјиште на територија на општина Охрид од денес ќе управува локалната самоуправа.

Охрид е една од 48-те општини во земјата кои го исполнуваат првиот законски услов за преземање на државното градежно земјиште,  односно располага со  потребен број вработени кои ќе работат на оваа проблематика. Согласно законот општините до 80.000 жители треба да имаат четворица вработени со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на државно земјиште. Тие неодамна минаа обука и полагаа испити, со што се стекнаа со овластување со кое можат да ги водат постапките со земјиштето по пат на електронско јавно наддавање.

Покрај ова општините за да управуваат со земјиштето треба да имаат изготвено и усвоено едногодишна програма за работа која ќе се однесува на располагањето со градежното земјиште, да имаат формирано Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање и воспоставено електронски систем за јавно наддавање на градежно земјиште.

OhridNews