Градоначалникот Константин Георгиевски и општина Охрид изразуваат сочуство до семејствата на починатите во несреќата во Тетово.
Во моментите на длабока тага и ненадоместлива загуба за Тетово и целата држава, во мое лично име и во името на Општина Охрид, изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите, во трагедијата што не остави во неверување и шок, напиша градоначалникот Георгиевски.
На Тетово и тетовчани им ја испраќаме сета добра мисла и им стоиме на располагање за поддршка и помош за намалување на последиците од овој ужасен настан. На сите повредени во несреќата им посакуваме побрзо закрепнување, додава Георгиески.












