Согласно законот за животна средина и уредбата за инсталациите кои подлежат на обврската за поседување Б-интегрирана еколошка дозвола, Општина Охрид ги издаде Б-Интегрираните еколошки дозволи, односно Б-Дозволи за усогласување со оперативен план на живинарските фарми „Лита“ и „Вапилица“.

Дозволата ги обврзува инсталациите да ги намалат емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето.

OhridNews