Инфраструктурно и комунално уредување на селските средини, искористување на туристичките и стопанските потенцијали на руралните области со што би се подобрил квалитетот на живеење на селските средини, урбанистички уредени селски средини со просторно-планска документација и чиста животна средина, развиено земјоделство и сточарство врз база автохтона и органски здрава храна,подобрување на образовните и здравствени стандарди во руралните области, се предвидените цели на општина Охрид за наредниот период со цел развој на руралните средини во општината. За оваа цел од општинскиот буџет се издвоени 200.000 денари.
Како што потенцираат надлежните Стратегијата за рурален развој на Општина Охрид претставува основен стратешки развоен документ за периодот до 2018 година. Воедно, земјоделството и руралниот развој се клучните претпристапни елементи на Македонија за влезот во Европската унија.
OhridNews