Општина Охрид, која е овлатена за издавање Б- интегрирани  дозволи,  денеска ја издаде втората Б- интегрирана дозвола. Таа е издадена на инсталацијата „Лавче Охрид“- ДООЕЛ с.Косел.

Со добивањето Б еколошка дозвола, компаниите преземаат поголема одговорност и обврска за континуирано запазување на стандардите за здрава животна средина во секојдневното работење. Со тоа, локалната заедница стекнува механизам повеќе за мониторинг во заштитата од загадување од штетни гасови и материи во воздухот, почвата и водата.

До секторот за урбанизам и заштита на животната средина поднесени се уште десетина барања за добивање Б интегрирани еколошки дозволи од фирми кои законски подлежат на ваква обврска од општините Охрид и Дебрца.

Ohridnews