По завршувањето на постапката по конкурсот за стипендирање на ученици и студенти, општина Охрид денеска ја објави листата на избрани ученици и студенти.
Учениците и студентите кои добиле право на користење на општинските стипендии во наредните пет дена во Одделението за образование во општина Охрид, треба да достават трансакциона сметка.
Според огласот, општина Охрид за учебната 2015/2016 година доделува вкупно 80 ученички стипендии и во висината од 1.500,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2015/2016 година.
Исто така ќе бидат доделени и 30 стипендии за редовни студенти на додипломски студии од втора, трета, четврта, петта и шеста година, од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, во износ на 2.000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2015/2016 година.
Листите со објавените стипендисти се достапни на веб-страницата на општина Охрид.
OhridNews