Праксата за паушални реакции на трочлената дружина на ВМРО -НП и нивната наводна загриженост за состојбите во општина Охрид, продолжуваат и понатаму без никаков основ, стои во реакцијата на Локалната самоуправа по повод изнесениот став на ВМРО НП, а во врска со избор на директор во ЈП „Билјанини извори“.

„Локалната самоуправа и Градоначалникот Никола Бакрачески имаат јасна претстава за состојбите во сите општински Јавни Претпријатија и мерките кои се неопходни за санирање на катастрофалната затекната состојба таму.

Јавното Претпријатие “Билјанини извори “, согласно Законот за јавни претпријатија има законски именуван В.Д Директор и покрај неговата лична одлука да поднесе оставка на функцијата. Се до дон есувањето на правен акт за разрешување, сегашниот В.Д директор управува со Јавното Претпријатие “Билјанини извори ” со сите овластувања и обврски согласно законот.

Законот за јавни претпријатија, член 24 -а, прецизно ја уредува ов аа проблематика. Потребно е само законите да се читаат целосно и нивното толкување да одговара на напишаната содржина. Се друго е без суштина и гол полититички маркетинг.“-стои во реакцијата на Општина Охрид.

OhridNews

ВМРО НП: Да се избере директор на ЈП Билјанини Извори