Општина Охрид оваа есен ќе организира работилница за борба против корупцијата, на која ќе бидат поканети претставници на локалните власти од југозападниот плански регион и пограничните региони на Албанија и Грција. Ова го најавил градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по денешната средбата со Андрес Киефер, Генерален секретар на Конгресот за локални и регионални власти при Советот на Европа, во Стразбур.

Според информациите од охридската локална самоуправа, освен за организирањето на работилницата, на средбата се разговарало и за можноста, дел од охридската општинска администрација да замине во конгресот, за да се едуцира во делот на имплементација на ЕУ стандардите на локално ниво.

Според најавите, во текот на денешниот ден Бакрачески треба да го посети и Европскиот суд на правдата.

OhridNews