Охридските советници во рамки на денешната 54 седница на Советот на општината, ги прифатија Предлог одлуките за учество на општина Охрид во проектите „Водени еко тематски менаџмент активности“, „Виа игнација крстопат Прикторија историска мрежа на златни спортски медали“, „Интеррегионално управување со културното наследство е-систем” и „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна рана превенција”.

Исто така беше прифатена и Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, а беа донесени и 80-на точки од урбанистичката сфера.

OhridNews