Општина Охрид креираше нова веб-страница – www.visitohrid.com.mk посветена на промовирање на туризмот и угостителството во нашиот регион. Во оваа насока од Општината ги повикуваат сопственици на хотели, апартмани, приватни сместувачки капацитети, ресторани и винарии да се регистрираат и да ги презентираат своите бизниси пред пошироката публика.

Повик е отворен за сите бизниси поврзани со угостителството и туризмот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на хотели, мотели и хостели, апартмани, куќи за гости и приватни сместувања, ресторани, традиционални меани и кафулиња, како и винарии и места за дегустација на вино, потенцираат од Општина Охрид.
Краен рок за пријавување е 15 март, а заповеќе информации и поднесување на регистрацијата го посочуваат меилот: [email protected].
OhridNews











