Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа.
Индексот на отвореност ги проценува перформансите на локалната власт во областа на добро владеење со тоа што се фокусира на четири принципи: пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност, со еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци.
Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност, а најдобри резултати има во делот на транспарентноста на организациски информации, јавни набавки, буџет и јавните консултации.

Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во РС Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк.
OhridNews












