Врз основа на Програмата за еднакви можности на Општина Охрид за 2026 година, Акцискиот план како составен дел на Програмата, Буџетот на Општина Охрид за 2026 година и Правилникот за доделување средства за проекти и програмски активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година, Општина Охрид објави Јавен повик за поддршка на проекти за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година.

Целта на јавниот повик е поддршка на проекти кои придонесуваат кон реализација на активностите од Акцискиот план за 2026 година, особено во насока на: унапредување на родовата еднаквост; економско и социјално јакнење на жените; зголемување на вработливоста на жените; унапредување на женското претприемништво; поддршка на жените од руралните средини; подобрување на пристапот до здравствени информации и превентивни активности; превенција од родово базирано и семејно насилство; превенција од булинг и сајбернасилство; унапредување на репродуктивното здравје; зголемување на учеството и лидерството на жените; како и промоција на родовата рамноправност во јавниот и културниот живот.

Вкупниот буџет за реализација на Програмата за еднакви можности на Општина Охрид за 2026 година изнесува 500.000 денари.

Право на учество имаат здруженија на граѓани, фондации и други непрофитни правни лица чии цели и дејности се поврзани со конкретната активност.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews