Општина Охрид во својот делокруг на работа, а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на Oпштина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во Oпштина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“.

Оваа активност, велат од Општината, предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот.

Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволна за отпочнување на градба или развивање на бизнис. Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област, потенцираат од Општина Охрид.

За успешно пријавување на локација треба да бидат исполнети соодветни услови наведени во јавниот повик и да биде запазен рокот најдоцна до 30.04.2023 година.

OhridNews