Објавен јавениот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2023 година.

Со цел да ги стимулира жителите на Општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред  во 2023 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, информираат од Општина Охрид.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 април 2023 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен, додаваат од општината.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. Условите, начинот на аплицирање и потребната документација се објавени на официјалната веб страна на Општина Охрид.

OhridNews