Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта објави ликовен и литературен конкурс на тема „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“.

Како што посочуваат овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.

Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Човештвото се соочува со намалување на зелените површини, а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина. Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија, да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент, велат од Општина Охрид.

Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс, а учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра .

Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси. Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите наведени во конкурсот. Секое дете на овој конкурс треба да учествува со својот наставник- ментор. Секое дете има право да учествува со по еден труд  ликовен или литературен).

Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена .

Вкупниот буџет за реализација на проектот ќе изнесува 30.000,000 денари. Наградените творби остануваат во сопственост на Општина Охрид.

Трудовите треба да се достават до Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 Охрид, со назнака за „за Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“ или лично во архивата  на Општина Охрид

Пријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 30.09.2026 год. до 12 часот, во архивата на Општина Охрид, а тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews