Тие објаснуваат дека за време на посетата, покрај официјалните средби со градоначалниците на двата града, градоначалникот ќе оствари средба со раководството на збратимениот град Волонгот и со управата на Универзитетот од Волонгог, со кој фактултетот за Туризам и угостителство во Охрид има потпишано договор за соработка. Во агендата е предвидена и средба со пратениците од парламентот на Нов Јужен Велс, а во текот на целиот престој предвидени се повеќе средби со македонските бизнисмени и претставуање на потенцијалите на Охрид за инвестирање. Се очекува за целите на посетата градоначалникот Петрески да гостува на неколку австралиски медиуми и да даде интервју за медиумите на нашите иселеници кои емитуваат на македонски јазик.
Општина Охрид: Посетата на Австралија е врз основа на покани од официјални институции
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com