Општина Охрид потписник на на европската повелба на младинско информирање
17.06.11 00:03
Коалицијата на младински организации СЕГА, деновиве, организираше семинар на тема “Новите предизвици на младинското информирање. Целта на овој настан беше да се споделат искуствата за развојот на Младинските Информативни и Советодавни Центри во Европа, и нивната улога во имплементирањето на младинските политики. Во рамките на семинарот, претставниците на општините од Република Македонија, меѓу кои и Општина Охрид, ја потпишаа Европската повелба на младинското информирање, донесена во Братислава, Република Словачка на 19 ноември 2004 година од страна на 15-тото Генерално собрание на Европската агенција за младинско информирање и советување.
На настанот учествуваа претставници на повеќе локални самоуправи и совети на општини од Македонија, гости од Долна Нормандија, Босна и Херцеговина и претставник на Европската Агенција за младинско информирање и советување – ERYICA.
Оваа активност е дел од Акцијата Млади, образование локално и Европско граѓанство во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), имплементирана од страна на Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европска Куќа од Франција.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.