Oпштина Охрид беше промовирана како дел од Иницијативата за отпорни градови Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Регионалната платформа за намалување на ризици од катастрофи во Европа и Централна Азија за 2024, која се одржа минатата седмица во Будва, Црна Гора.
Во рамки на тридневниот настан на кој учествуваа лидерите за цивилна заштита и над 700 учесници од 55 замји-членки на ОН, на претставниците на Општина Охрид им беше доделен сертификат за официјално учеството во иницијативата MCR 2030. Дел од оваа иницијатива се и општините Ѓорче Петров и Гази Баба, информираат од Општина Охрид.
Покрај министерската тркалезна маса и сесиите на високо ниво, велат, учесниците на платформата беа вклучени во лаборатории за учење и сесии предводени од експерти се фокусираа на теми како што се ангажманот на приватниот сектор, отпорноста на инфраструктурата и системите за рано предупредување за повеќе опасности

MCR2030 во рамки на Канцеларијата на Обединети Нации има за цел да обезбеди градовите да станат инклузивни, безбедни, еластични и одржливи до 2030 година.
OhridNews












