Општина Охрид распишува  ученички литературен конкурс по повод 8 Декември „Св.Климент Охридски“, Патронот на градот за најдобра поетска творба. Темата на творбата треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.

Општина Охрид за овој конкурс ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории. Првата категорија е за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение), втората категорија е за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) и третата категорија е за ученици во средно образование (од прва до четврта година). Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари, за втора категорија е 3.000,оо денари и за  третата категорија е 4.000,оо денари, информираат од Општина Охрид.

Право на учество на конкурсот имаат сите  редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид, а изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири комисија, формирана од Градоначалникот  на Општина Охрид.

Творбите треба да се достават  во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2021 година до Општина Охрид со назнака за Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира, а авторството се докажува со четвртиот примерок, наведуваат од Општина Охрид. 

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8 Декември.

 

 

OhridNews