Ревизија на работењето на јавните претпријатија имаше и истата покажа дека јавните претпријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате, реагираат од Општина Охрид на денешната прес конференција на СДСМ Охрид.

Крајно неодговорно е да се обвинува за „финансиска криза“ на јавните претпријатија, а притоа занемарувајќи го фактот дека таа состојба била предизвикана од лошото менаџирање во времето кога вие сте биле власт и јавните претпријатија ги раководеле кадри кои вие сте ги избрале, велат.

Посочуваат дека за разлика од тогаш сега сликата со работењето на ЈП е драстично различна.

Иако проблемот кој го напрвивте со зголемувањето на цената на електричанта енергија и другите енергенси ги преоптовари буџетите на јавните претпријатија, сепак раководствата заедно со Локалната самоуправа успешно ги менаџираат тековните обврски, а притоа да не генерираат нови долгови. За разлика од вас кои сте научени да оставате презадолжени институции, ние го правиме спротивното – ги оддолжуваме, потенцираат.

Воедно, го посочуваат одблокирањето на сметка на Општина Охрид и целосното раздолжување на ЈП „Нискоградба“.

Санацијата на финасиската катастрофа која ја оставивте во наследство полека но сигурно ја санираме. Во блиска иднина и дел од другите јавни претпријатија финансиски ќе се стабилизираат, додаваат во реакцијата од Општина Охрид.

OhridNews