Општина Охрид во иднина сама ќе менаџира со државното градежно неизградено земјиште, одлучи владата на Република Македонија. Во пакет со Охрид државното неизградено градежното земјиште го доби и општина Куманово.
– Со оваа одлука се потврдува дека Владата на Република Македонија работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата дека определени процеси се блокираат на партиска основа, изјави министерот за транспорт и врски Миле  Јанкиески на прес конференција што се одржа денеска во Скопје.
Услов оптштините да управуваат со градежно земјиште предвидува, е да имаат  развиено и усвоено годишна програма за управување со земјиштето, минимален број лиценцирани општински службеници, воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за таа намена.
Заедно со Охрид и Куманово до сега овие услови ги имаат исполнето вкупно 39 општини.
OhridNews