Општина Охрид со апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците
08.10.25 13:00
Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.
На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за безбедност и здравје при работа, Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарната единица и Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните заедници.
Присутните разговараа за значењето на редовното чистење на оџаците како законска обврска, но и како клучна мерка за заштита на животната средина преку спречување на дополнително загадување на воздухот. Дополнително, беше истакната и важноста на оваа активност како превентивна мерка за заштита од пожари, особено во зимскиот период кога ризикот од настанување на пожари поради неисчистени оџаци е значително зголемен, информираат од Општина Охрид.
Воедно од Општината упатуваат повик до сите граѓани и управувачи на станбени објекти да постапат согласно законските обврски и навремено да преземат мерки за чистење на оџаците, со цел зголемување на безбедноста и заштита на животната средина.
Утре неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците од улиците „Кленоец“ и „Српница“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради преприклучување на повеќе објекти на новата водоводна линија на...
И оваа година одлична понуда на хотел „Гарден“ за претстојниот празник 8-ми Март со богато мени по исклучелна цена и добра музика Менито по цена од 1200 денари за 7-ми и 8-ми Март вклучува салата, ...
Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева За таа цел, 150000 денари од средствата обезбедени преку хуманитар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.