Општина Охрид со апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците
08.10.25 13:00
Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.
На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за безбедност и здравје при работа, Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарната единица и Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните заедници.
Присутните разговараа за значењето на редовното чистење на оџаците како законска обврска, но и како клучна мерка за заштита на животната средина преку спречување на дополнително загадување на воздухот. Дополнително, беше истакната и важноста на оваа активност како превентивна мерка за заштита од пожари, особено во зимскиот период кога ризикот од настанување на пожари поради неисчистени оџаци е значително зголемен, информираат од Општина Охрид.
Воедно од Општината упатуваат повик до сите граѓани и управувачи на станбени објекти да постапат согласно законските обврски и навремено да преземат мерки за чистење на оџаците, со цел зголемување на безбедноста и заштита на животната средина.
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски С...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...
На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски ...