Поради пандемијата од КОВИД 19, годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.
Како што веќе објавивме, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови каде ќе има утрински богослужби и осветување на вода, со која потоа ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.

При посетата на храмовите задолжително да се почитуваат препораките за заштита, да се носат маски и да се одржува дистанца. Да бидеме одговорни и да го прославиме овој празник во кругот на најблиските! – се вели во апелот на локалната самоуправа.
OhridNews













