Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии.

Отпадот да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена, а чиј број периодов е зголемен од два на пет. Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети согласно Законот, информираат од Општина Охрид.

Потенцираат дека од фотографиите на надлежните инспектори може да се констатира човечката некултура, празни контејнери и направени мини депонии околу нив од месното население и гостите во селото Љубаништа.

OhridNews